
Претседателот на Реал Мадрид, има тројца фаворити за наследник на Кристијано Роналдо
Во нотесот на Флорентино Перез, се потцртани три имиња кои ќе се обиде да ги донесе во летниот преоден рок.
Со заминувањето на Кристијано Роналдо пред две години, Реал Мадрид ја загуби острината во нападот, Карим Бензема не може сам да го понесе товарот во нападот на „кралевите“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Винисиус Жуниор, Родриго, Маријано, Лука Јовиќ, се уште не се подготвени за „кралскиот“ предизвик и поради тоа, претседателот Флорентино Перез на лето ќе тргне во лов на екстра напаѓач.
Во нотесот на Перез има само три имиња, Ерлинг Халанд, Лаутаро Мартинез и Тимо Вернер.
Главен фановит во овој момент е членот на Борусија Дортмунд и на норвешката репрезентација, Ерлинг Халанд, пишува „Марка“.
Перез е познат по тоа што тој ќе го науми – го остварува, можеби не веднаш, но сигурно ќе успее во своите намери, и според „Марка“, се очекува Реал Мадрид на лето да тргне со сите сили по Халанд.
Поради пандемијата со коронавирусот, се очекува сумите на трансферите да се намалат, а шпанскиот весник шпекулира дека 80-тина милиони евра би биле доволни за Халанд да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
За да го забрза трансферот, Перез на лето ќе го врати Мартин Одегард кој игра во Реал Сосиедад како позајмен играч. Одегард и Халанд се добри пријатели кои често изјавуваат дека сакаат да играат заедно и на клупско ниво.
Доколку евентуално не успее ова лето да дојде до Халанд, тогаш Перез ќе и ги помати сметките на Барселона и ќе го купи Лаутаро Мартинез од Интер.

Откупната клаузула за Мартинез од 1 до 15 јули изнесува 111 милиони евра, а Перез е подготвен да ја плати барана сума, додека Барселона се обидува со нудење на разни играчи да ја намали сумата.
Тимо Вернер се чини дека е нереална опција бидејќи неговата желба е доколку си замине од Лајпциг, да се пресели во Ливерпул.