Претседателот Митрески се обрати во украинската Врховна рада

Претседателот на македонското собрание Јован Митрески во Украина/Фото: Фејсбук

На покана од претседателот на Врховната рада на Украина Руслан Стефанчук, по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија на Украина, денеска претседателот на македонското Собрание Јован Митрески се обрати на специјалната седница на Врховната рада на Украина.

-Во моето обраќање, пред украинските пратеници и високите гости, ја потврдив цврстата, недвосмислена и решителна поддршка и солидарност за Украина, украинскиот народ и украинските институции и нагласив дека граѓаните на Република Северна Македонија се, и остануваат со граѓаните на Украина за сета помош и поддршка што е неопходна, објави Митрески.

Тој пред украинските парламентарци нагласил дека демократскиот свет е обединет во поддршката на Украина во борбата за правда, одбрана на нејзината територија и одбрана од империјалните апетити на нејзиниот сосед.

-Руската агресија врз Украина е предупредување за сите дека мирот, независноста и слободата не треба да се земаат здраво за готово. Цврсто верувам дека, како и досега низ историјата, демократските вредности ќе ја победат агресијата, а соработката ќе се насочи кон разговори за подобар животен стандард, просперитет и развој, културна соработка и размена, објави Митрески во пост по повод обраќањето во Врховната рада на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот