Претседателката Сиљановска Давкова во Рим се сретна со дијаспората

Средбата со претставниците на македонската дијаспора се реализира за време на посетата на претседателката Сиљановска Давкова на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил”.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за време на престојот во Рим, оствари средба со претставници на македонската дијаспора и на Италијанско-македонската стопанска комора, АПИ НОРДЕС.

На средбата, соговорниците ја запознаа претседателката со нивните тековни активности и вклученоста на дијаспората во севкупните општествено-економски процеси во Италија. Во разговорот со г. Мунир Шемси, успешен бизнисмен и претседател на АПИ НОРДЕС, претседателката беше информирана за заложбите на Комората, за неговиот личен и професионален развој, како и за над тридеценискиот хуман активизам насочен кон социјално ранливи семејства во неговиот роден крај.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за исклучителниот придонес на македонските иселеници во континуираното унапредување и продлабочување на соработката меѓу  двете емји. Таа ја нагласи важноста од одржувањето на врските со дијаспората, што како нераскинлив дел од македонското ткиво доследно ги негува културата и традицијата, афирмирајќи ја нивната матична држава во странство. Во таа насока ја потенцираше и потребата од почитување на нивните согледувања на состојбите во нашето општество, имајќи ги предвид децениските искуства и демократски вредности стекнати во државите во коишто живеат и работат.

Средбата со претставниците на македонската дијаспора се реализира за време на посетата на претседателката Сиљановска Давкова на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот