
Претседателката прави „масакр и целосно понижување на Албанците во Армијата“, вели Кренар Лога
Претседателката денеска им нанесе тежок удар на Албанците во Армијата на Северна Македонија, деградирајќи ги, напиша на својот фејсбук-профил Кренар Лога, дел од струјата на Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села, и поранешен министер за правда, реагирајќи на одлуката на Гордана Сиљановска-Давкова за промени во командните структури на Армијата.
Препорачано
„По деалбанизацијата на Агенцијата за разузнавање, каде веќе ниту директорот, ниту заменикот не се Албанци, по деалбанизацијата на Агенцијата за национална безбедност, каде веќе ниту директорот, ниту заменикот не се Албанци и по деалбанизацијата на Воената служба за разузнавање и безбедност, каде веќе ниту директорот, ниту некој од тројцата помошници не е Албанец и откако беше заобиколена постапката за именување на албански генерал на чело на АРМ, денес претседателката, која неВРЕДИ им нанесе тежок удар на Албанците во Армијата на С Македонија, деградирајќи ги“, напиша Лога на Фејсбук.
Според него, одлуката на претседателката претставува „масакр и целосно понижување на Албанците во Армијата“.
„Генералот Бесник Емини, од позицијата командант на Командата за операции (од оваа позиција директно командуваше со околу 80 отсто од армијата), се разрешува, деградира и понижува, поставувајќи го на административна позиција во Министерството за одбрана. Четири позиции се реално најважни во армијата, како началник на Генералштабот, командант на Командата за операции, командант на Првата бригада и директор на Генералштабот. За да го прикријат овој масакр, го поставија генерал Лулзим Нуредини на позицијата командант на Командата за обука и доктрина (позиција која нема значајна улога)“, вели Лога.
пишува Лога.