Претседателката да ги земе предвид новите критериуми за нов член на Судски совет, порача Филков

Предлог законот за Судски совет ги измени и уреди деловите кои се покажаа како клучни за враќање на довербата на граѓаните во правосудството, изјави министерот за правда Игор Филков, и ги повика пратениците на Собранието да ја препознаат итноста и важноста од носење на овој Закон.

Судскиот совет, според Филков, е потребно да биде транспарентен и отчетен во својата работа, посочувајќи дека креирани се критериуми за избор и оценување, како и механизам за одговорност на членовите на Судскиот совет и на судиите.

Имајќи ги предвид случувањата во Судскиот совет кои предизвикаа бурни реакции во јавноста, Филков нагласи, дека можеби е добар момент токму овие законски измени да бидат земени во предвид при дефинирањето на кандидатите кои ги предлага Претседателот, а ги избира Собранието, алудирајќи на фактот дека на 9 јули завршува мандатот на еден од актуелните членови на Судскиот совет, кој е избран на предлог на претседателот на државата.

– Ова е нешто што е веќе разговарано и со почитуваната претседателка Гордана Сиљановска Давкова – изјави Филков.

Министерството за правда, како што рече Филков, изработи целосно нов Закон за Судски совет кој веќе е во владина процедура, кој, како што посочи е изготвен преку инклуизивен и траснпарентен процес, преку јавни дебати, експертски консултации и активно вклучување на сите релевантни чинители, а посебна потврда за ова е и позитивното мислење добиено од Венецијанската комисија.

Наскоро му истекува мандатот на членот на Судскиот совет Миљазим Мустафа, но не се знае дали претседателката ќе ги земе предвид новите критериуми што ги предвидува новиот предлог закон кој уште не е донесен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот