Преседан на Манчестер Јунајтед: Забрани влез на новинари на прес-конференција

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Раководството на еден од најголемите клубови во светот, Манчестер Јунајтед се налути на четворица новинари кои денес добиле забрана за влез на прес-конференцијата на клубот од „Олд Трафорд“.

Забрана за влез на прес-конференцијата добиле Каве Солхекол (Скај Спортс), Семјуел Лакхерст (Манчестер ивнинг њуз), Дејвид Мекдонел (Мирор) и Роб Досон (ЕСПН).

Причината која им била соопштена е дека објавувале статии без претходно да ги прашаат нив како една страна во приказната. Поточно станува збор за стории во кои се пишуваше дека Тен Хаг ја губи довербата во соблекувалната и дел од играчите се свртеле против него.

Манчестер Јунајтед преку својот портпарол ги потврди ваквите информации. Во целиот хаос кој владее во клубот очигледно некој како голем проблем ги воочил новинарите…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот