
Пренџов: Ковачевски ги изигра гласачите, тие не гласаа за АА и ДУИ да бидат заедно во Владата
„За кучињата-скитници побаравте помош од Брисел, дали сега побаравте помош за лебот од Брисел? Во една држава во која нема леб на полиците, а килограм кромид 80 денари, ниту една реченица од тука не значи подобар живот“, рече денеска од собраниската говорница пратеникот од ГРОМ и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.
Препорачано
„Никој од овие што денес ни ги предложивте, не излезе да ни каже што ќе работат, а не ни кажа ни премиерот. Премиерот ни кажа мнозинството расте, па прашувам како расте од 65 на 62 им проработува совеста ли на некои или што е?“, праша Пренџов.
Пратеникот рече дека додека Македонија ги брои странските инвестиции во милиони, а соседите во милијарди.
„И без разлика на сето што го кажувате, Македонија е држава во која нема ред и поредок, држава во која народот не ви верува, држава во која ја суспендиравте демократијата и волјата на граѓаните. Ковачевски е најодговорен во манипулацијата на гласачите. Граѓаните не гласаа овие пратеници од Алијанса на Албанците да бидат во Влада со ДУИ. Тоа се вика изигрување на волјата на гласачите“, рече Пренџов.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13сек
-
7мин
-
18мин
-
19мин
-
21мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5