фото: Слободен печат/Методи Здравев

Премија од 100.000 евра за фудбалерите на Вардар доколку ја елиминираат Лозана

Управата на фудбалскиот клуб Вардар АД ќе им додели на играчите премија од 100.000 евра, доколку го помине второто квалификациско коло во Лигата на конференциите на УЕФА, против швајцарскиот претставник Лозана.

Финансискиот стимул треба да биде дополнителен мотив за екипата, која подели 50.000 евра за успешното 1-во квалификациско коло во кое го елиминираше тимот на Ла Фиорита од Сан Марино.

Лозана, која минатата сезона исто така беше петтопласирана во домашното првенство, кое има далеку повисок коефициент од македонското.

Првиот натпревар од двомечот ќе се игра на 24 јули во Скопје, додека реваншот е закажан за 31 јули во Швајцарија.

Во продажба се билетите за натпреварот помеѓу Вардар и Лозана. Повеќе информации ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот