Премиерна изведба на „Реквием за мојот пријател“ од Збигњев Прајснер во Филхармонија

Оркестарот на Филхармонија, на 24 февруари, премиерно ќе го изведе делото „Реквием за мојот пријател“ од познатиот полски композитор Збигњев Прајснер. Диригент на концертот е маестро Емил Табаков (Бугарија), а како солисти ќе настапат Билјана Јосифов – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Бојан Булатовиќ (Србија) – контратенор, Ѓорѓи Цуцковски – тенор, Александар Стефаноски (Македонија/Германија) – бас, Золтан Борбељ (Србија) – оргуљи, Каролина Бетер (Германија/Србија) – соло блок флејта и мешаниот хор „Про Арс“.

Станува збор за едно од најубавите дела во историјата на класичната музика, а авторот кој ја создаде музиката за филмовите на генијалниот полски режисер Кшиштоф Кишловски за првпат ќе прозвучи на нашата сцена.

– Делото „Реквием за мојот пријател“, кое е посветено на Кишловски, првично било замислено како концертно дело со поинаква природа, кое требало да се изведува на подиуми во европските метрополи. Всушност, Кишловски и требало да го режира. Но, со неговата прерана смрт во 1996 година, природата на самото дело се менува.

Поделено на два дела, насловени како „Реквием“ и „Живот“, ова е најемотивното дело во опусот на Прајснер. Делото на Прајснер, наедно е и молитва за сите страданија што ни се случуваат, особено во последните две години, но и исказ на длабоко сочувство – посочуваат од Филхармонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот