Фото: facebook.com/futsalshkupi

Прелиминарна рунда, ЛШ: Шкупи пресилен за Кардиф!

На турнирот кој што се одржува во нашиот главен град, футсалците на Шкупи со високи 5:0 го совлада велшкиот состав на Кардиф.

Двапати во листата на стрелците се запиша Цека (12:14, 29:27), а по еднаш Агуши (09:44) и Димовски (27:15 мин.)

Претходно на првиот дуел од групата Б Даугавпилс од Летонија со 7:3 беше подобар од претставникот на Андора, Енкамп.

Во второто коло в четврток Шкупи ќе се сретне против Енкамп во чии редови не настапува славниот фудбалер на Барселона, Савиола.

Само првопласираниот ќе обезбеди настап во главната рунда која што ќе се одржи во Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот