Прегазена жена во Битола, со тешки повреди пренесена во болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Осумдесет и тригодишна жена е прегазена вчера во Битола при што се здобила со тешки повреди.

„На 22.02.2024 во 11.16 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Никола Тесла“ во Битола, товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од с.Сарај, скопско, удрило во М.Г.(83) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Клиничката болница Битола“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот