twitter/FC Barcelona

Пред точно 13 години Меси го постигна еден од најубавите голови во кариерата (ВИДЕО)

Лионел Меси тогаш имаше 19. години и епитет на најдобар млад фудбалер кој не престануваше да ги воодушевува фановите ширум светот.

Токму на денешен ден пред 13. години Меси го постигна еден од најубавите голови во историјата по соло акција. Аргентинецот пред да го даде голот, ја „изврте“ одбраната на Хетафе, а акцијата ја започна на својата половина.

Меси ја прими топката во својата половина и веднаш успеа да помине двајца противнички фудбалери.
На 20-тина метри од противничкиот гол повторно успеа со неколку дриблинзи да ја исфрли целата одбрана по што излезе сам пред голманот кого исто така го помина и потоа со послабата десна нога го постигна еден од најубавите голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот