Фото: Andor Bujdoso / Alamy / Alamy / Profimedia

Празничниот период носи бурни ноќи: Еве кога најчесто се случуваат повреди за време на секс

Се чини дека сезоната на празници носи бурни ноќи за многу луѓе. Истражувањето на „Фитфајндерс“ покажа дека пребарувањето за терминот „фрактура на пенисот“ се зголемило за дури 234 проценти за време на празничната сезона.

Повеќе од 3.000 Германци учествувале во истражувањето, кое траело од 2005 до 2021 година. Утврдено е дека шансите да се здобијат со повреди на пенисот, особено кај оние во средна возраст, значително се зголемиле помеѓу 24 и 26 декември. Резултатите биеа објавени во Британскиот журнал за Урологија интернационал.

Николаос Пиргидес, главниот автор на истражувањето и уролог од Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен изјавил дека „скршениците“ на пенисот најчесто се случуваат при „дивиот“ секс.

Мажите откако доживеале фрактура на пенис, слушаат пукање. Следува речиси неподнослива болка. Оние кои одлучуваат да ја игнорираат повредата може да останат со трајно искривување и лоша функција на пенисот и доживотно болни ерекции.

Кога станува збор за други повреди предизвикани за време на интимните односи, луѓето често ги бараат следните термини: истегнување на мускулите за време на сексот, повреда за време на сексот и оток после секс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот