Пратениците кои ја напуштија СИРИЗА ќе формираат пратеничка група

Парламент Грција / Фото Архива

Единаесетмина пратениците, меѓу кои и поранешни министри, кои во изминатиот период ја напуштија грчката опозициска партија СИРИЗА формираат пратеничка група во Парламентот.

Пратениците доцна синоќа одржаа состанок и како што беше очекувано и се најавуваше, се договорија да формираат нова пратеничка група за која го имаат доволниот број, со оглед на тоа дека за формирање потребни се најмалку десет пратеници.

Новата пратеничката група, официјално ќе биде промовирана в понеделник кога ќе биде соопштено и името, додека пак претседател ќе биде поранешниот министер Алексис Харицис.

Станува збор за пратеници од две фракции, кои си заминаа од СИРИЗА поради несогласувањата со новиот партиски лидер Стефанос Каселакис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот