Пратеници во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето

Членовите на собраниската Комисија за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) денеска ќе ја посетат Агенцијата за разузнавање, откако вчера беа во надзорна посета на АНБ поради наводите за незаконско прислушување.

Информациите што излегоа во јавноста укажуваат дека во периодот од 2019 до 2024 година биле следени новинари, бизнисмени, па дури и актуелниот премиер Христијан Мицкоски додека бил лидер на опозицијата.

„Нека појдат пратениците во сите агенции, кажав што имав да кажам. Важно е да запре прислушувањето. Овој систем со години удира по основите на демократијата и по човечки судбини“, изјави Мицкоски.

Од опозицијата, пак, бараат декласификација на документацијата.

„Од АНБ зависи дали ќе се обелодени кои лица биле следени и зошто. Ако има прекршувања, мора да има одговорност“, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Директорот на АНБ, Бојан Христовски, информира дека целата документација е предадена на Обвинителството, кое веќе спроведува предистрага.

По скандалот, собраниската Комисија за надзор одлучи да изврши контрола и во двете агенции за безбедност и разузнавање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот