Мимоза Муса

Пратеничка Мимоза Муса објави дека останува во власта, не оди во опозиција со Таравари

Пратеничката Мимоза Муса од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари попладнево преку „Фејсбук“ соопшти дека останува дел од владината коалиција, што практично значи дека уште еден пратеник го напушта Арбен Таравари.

– Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата „Вреди“. Овој мандат не е само бројка, тој е глас на народ кој е уморен од повеќе од 20 години владеење на ДУИ и кој постојано бара промени. Минуваме низ тежок политички период и со право многу поддржувачи, пријатели и соработници прашуваат: Со кого е пратеничката Мимоза Муса?, напиша Муса.

Додава дека нема да ја изневери довербата од гласачите.

– Нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте. Не сум тука поради лични интереси, туку да му служам со достоинство и одговорнист на секој гласач кој веруваше во оваа мисија. Промената започна и ние ќе продолжиме понатаму, посочува Муса во објавата.

Претходно, вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и пратеникот Салим Сулајмани исто така соопштија дека го напуштаат Арбен Таравари.

Таравари ја напушти Владата по несогласувањата во коалицијата „Вреди“. Претседателството на Алијанса за Албанците реши на локалните избори да оди со самостојни листи за советници. Партнерите од коалицијата „Вреди“ обвинија дека Таравари се приклонува кон опозициската ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот