Клаудија Кардинале / Фото: Wikimedia Commons / Deri Miklos

Познато е кога ќе биде погребот на Клаудија Кардинале: Семејството на актерката има едно необично барање

Познатата актерка Клаудија Кардинале, која почина на 23 септември на 88-годишна возраст, ќе биде погребана во вторник во Париз.

Како што објавија француските медиуми, погребот и збогувањето ќе се одржат во црквата Сент Рош, место кое се смета за светилиште за уметниците и каде што големите ѕвезди често се испраќаат во вечното почивалиште.

Според нејзиниот агент, Клаудија Кардинале ќе биде кремирана во најтесниот семеен круг во првиот париски арондисман, додека посебна служба за неа ќе биде организирана во Немур, каде што познатата дива живееше во последните години.

Семејството упати необично барање – наместо цвеќе и раскошни венци, ги поканија сите што сакаат да ѝ оддадат почит на легендата на италијанско-француското кино да донираат во Фондацијата „Клаудија Кардинале“, која ја основала заедно со својата ќерка во Немур, со цел да ги поддржи младите уметници.

Клаудија Кардинале ќе биде запаметена како една од најголемите европски актерки, а нејзината кариера беше обележана со соработка со великани како Лучино Висконти, Федерико Фелини, Ричард Брукс и Серџо Леоне, кои ја направија симбол на филмската ера од 60-тите години на минатиот век.

Почина филмската дива Клаудија Кардинале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот