Познатиот готвач Расел Норман се самоуби по жестока расправија со својата девојка

Расел Норман и Женевиев Вердигел. / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Познатиот готвач и ѕвезда на шоуто „Саботна кујна“, Расел Норман (57), се самоубил во градината на својот дом, по пијана расправија со својата девојка.

Како што пишува „Дејли мејл“, тој наводно имал жестока караница со својата партнерка, по што се обесил.

Расел Норман и Женевиев Вердигел / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Истрагата во Оуквуд Хаус во Мејдстон завчера открила дека тој имал двојно поголема количина на алкохол во својот организам од дозволената граница за возење под дејство на алкохол, а забележан е и заклучок за самоубиство со бесење.

Норман отишол во градината на својот дом во Плукли откако се расправал со својата девојка, историчарка на уметност, д-р Женевиев Вердигел. Таа го пронашла како лежи во несвест и се обидела да го спаси.

И покрај обидите на неговата девојка и медицинскиот персонал да го реанимираат, Норман претрпел сериозно оштетување на мозокот и починал пет дена подоцна во болница.

Наградуваниот готвач и сопственик на ресторан, кој редовно се појавуваше во емисијата на Би-би-си, беше пронајден во ноември минатата година.

Расел Норман и Женевиев Вердигел / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот