/ Ferrari / Profimedia

Познатиот глумец рекол дека бакнувањето со Мерилин Монро е исто како да го бакнуваш Адолф Хитлер

Тони Кертис, големата љубов на Мерилин Монро, во една прилика рекол дека бакнувањето со глумицата е исто како да го бакнуваш Адолф Хитлер.

Тони Кертис и Мерилин Монро имале комплексна и контроверзна врска, која со години е предмет на дебати и шпекулации.

Познатиот актер тврдел дека ја запознал Мерилин Монро околу 1950 година, кога двајцата биле на почетокот на своите кариери, и дека тогаш веќе започнале повеќегодишна љубовна врска. Нивната тајна афера продолжила за време на снимањето на „Некои тоа го сакаат жешко“ во 1958 година, иако двајцата биле во брак – Кертис со Џенет Ли, а Монро со Артур Милер.

Кертис го опишувал тој период како време на откривање на љубовта и страста, а неговото тврдење за аферата со Монро предизвикало големо внимание во јавноста. Особено откако изјавил дека бакнувањето со Мерилин е како бакнување со Хитлер.

Иако изјавата звучи како да биле во лоши односи, актерот подоцна тврдел дека изјавата е малку извадена од контекст. Имено, за време на интервју за Гардијан во BFI Southbank, Кертис објаснил дека ги смета прашањата за бакнежите со атрактивната дива за глупави и дава подеднакво глупави одговори на нив.

Сепак, споредбата со Хитлер многумина навело на погрешно мислење.

Да потсетиме дека во своите мемоари од 2009 година, Кертис дури тврдел дека љубовната врска резултирала со бременост на Мерилин, но дека подоцна имала спонтан абортус. Тој исто така тврдел дека Монро ја признала својата бременост за време на разговорот со Милер, што го шокирало. Сепак, овие тврдења предизвикале сомнеж бидејќи Кертис не ги споменал во претходните автобиографии, а Монро никогаш не коментирала за обвинувањата, бидејќи почина во 1962 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот