фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Познати сите учесници во Лигата на шампионите: Во елитата се и Карабах, Бенфика, Клуб Бриж и ФК Копенхаген

Во средата ги дознавме и последните четири учесници за новата сезона во фудбалската Лига на шампионите, тие се Карабах (Азербејџан), Бенфика (Португалија), Клуб Бриж (Белгија) и ФК Копенхаген (Данска).

Карабах кој ја елиминираше Шкендија во третото квалификациско коло на ЛШ, во плејофот со вкупни 5:4 излезе како победник во двомечот со Ференцварош. Иако на домашен терен во Баку, загуби Карабах со 3:2, благодарение на победата во Унгарија од 3:1, Карабах обезбеди влез во најсилното европско клупско натпреварување.

По ремито без голови во првиот меч, португалската Бенфика на возвратниот дуел во Лисабон со голот на турскиот интернационалец Актуркоглу во 35 минута триумфираше против Фенербахче. По победата од 3:1 на гости во првиот меч, белгискиот гигант Клуб Бриж на домашен терен славеше уште поубедливо со 6:0 против шкотскиот Селтик.

На првиот дуел во Швајцарија беше 1:1, а на реваншот данскиот ФК Копенхаген со погодоците на Корнелиус во 46 и Мукоко од пенал во 84 минута славеше против Базел.

Жрепката за извлекување на лигашката во ЛШ е закажана за в четврток во Монако од 18.00 часот. Секој клуб ќе игра против два ривали од секој барабан. Првото коло е закажано од 16 до 18 септември 2025, а финалето ќе се игра на 30 мај следната година на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта.

Лига на шампиони – сезона 2025/2026

1. барабан: ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер, Челси, Борусија Дортмунд, Барселона
2. барабан: Арсенал, Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Бенфика, Аталанта, Виљареал, Јувентус, Ајнтрахт Франкфурт, Клуб Бриж
3. барабан: Тотенхем, ПСВ, Ајакс, Наполи, Спортинг, Олимпијакос, Славија, Бодо/Глимт, Марсеј
4. барабан: ФК Копенхаген, Монако, Карабах, Галатасарај, Унион СГ, Атлетик Билбао, Пафос, Каират

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот