фото: EPA/Jussi Eskola

Познати се сите двојки и термини за четвртфиналето на Евробаскет

Осминафиналето на Европското првенство во кошарка е зад нас, а она што прво нè очекува во следниот период се четвртфиналето.

Имаше неколку големи изненадувања во осминафиналната фаза, првиот фаворит за златото според ФИБА ранкинзите, Србија загуби од Финска, а елиминација доживеа и Франција на дуелот со грузиската репрезентација.

Словенија предводена од најголемата ѕвезда Лука Дончиќ триумфираше против Италија, а во четвртфиналниот дуел за противници ќе го имаат актуелниот светски шампион Германија.

Потсетување, сите натпревари од осминафиналето до самата завршница на Евробаскет се играат во летонскиот град Рига. Финалето и мечот за бронзата се закажани за в недела на 14 септември.

Евробаскет 2025
Четвртфинале, двојки/термини:

9 септември

16.00 часот Турција – Полска
20.00 часот Литванија – Грција

10 септември

16.00 часот Финска – Грузија
20.00 часот Германија – Словенија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот