Фото: Инстаграм/ tan.dagod

Позната раперка убиена од непознат маж пред очите на фановите

Американската раперка, која беше во подем, Алијана Грин, позната како Тан ДаГод, беше убиена во саботата, во салон за убавина во Калифорнија.

Младата инфлуенсерка и раперка им открила на своите фанови дека ќе присуствува на отворањето на познат салон, па по тој повод ќе се забавува со нив, не сомневајќи се во трагедијата што следела.

Раперката беше брутално убиена пред нејзините обожаватели откако вооружен маж пукал директно во неа во салонот за убавина, пишува „Мирор“.

Пријателите со скршено срце итно ја однеле 27-годишната во болница во Соединетите држави каде што починала од повредите, а извештаите сугерираат дека фаталниот напад настанал поради несогласување претходно истиот ден.

Оттогаш, социјалните мрежи се преплавени со вознемирувачко видео кое ги овековечи моментите пред фаталното пукање. На видеото може да се види Грин, млада раперка која е во интеракција со публиката и се смешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот