Новак Ѓоковиќ се доближува до рекордот на славната Штефи Граф/ фото: EPA-EFE/Emilio Naranjo

Познат е протоколот за Австралија Опен, невакцинираните тенисери само на еден начин може да играат во Мелбурн

Невакцинираните тенисери и тенисерки ќе можат да учествуваат на Австралија Опен само доколку добијат медицински исклучок, со што се отвора можност за настап на Новак Ѓоковиќ во Мелбурн.

Исто така, доколку тенисерите и тенисерките добијат медицински исклучок, нивното име нема да биде објавено доколку добијат таква дозвола и тоа поради почитувањето на приватноста на тенисерите.

Тениската федерација на Австралија, го објави протоколот за учество на Австралија Опен. И покрај податокот дека никогаш јавно нема да бидат објавено имињара на тенисерите кои ќе бараат медицински исклучок, во протоколот стои дека секое барање ќе го прегледува стручна лекарска комисија, а пријавите потоа ќе имаат и втора ревизија.

Доколку медицинскиот исклучок биде потврден од комисиите, барањето ќе биде доставено до австралискиот регистер за имунизација. Според директорот на Австралија Опен, Крег Тили, ниту еден тенисер и тенисерка не добиле медицински исклучок.

Министерот за спорт на сојузната држава Викторија, Мартин Пакула неодамна изјави дека се надева дека на Австралија Опен ќе настапи Новак Ѓоковиќ и тоа како вакциниран.

– Доколку одлучи да не се вакцинира, а не ги исполнува условите за медицински исклучок, тогаш нема да игра на Австралија Опен – изјави Пакула.  
Новак Ѓоковиќ е актуелен шампион на Австралија Опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот