фото: EPA-EFE/Boglarka Bodnar

Позитивен допинг тест на СП: Португалски ракометар исфрлен од натпреварувањето

Скандалозни вести доаѓаат од машкиот ракометен Мундијал, репрезентативецот на Португалија и член на данскиот шампион, Алборг, Мигел Мартинс ќе биде исфрлен од турнирот поради позитивен резултат на допинг тестот.

Веста беше потврдена во средата наутро, на 15 јануари, на денот кога Португалецот ќе го одигра својот првиот натпревар против САД и на овогодинешното планетарно првенство.

Сепак, 27-годишниот организатор на играта тврди дека не направил ништо незаконско, а спортскиот директор на Алборг, Јан Ларсен, веднаш стапил во контакт со Мартинс, шокиран од тоа што го дознал.

– Ова секако е голем шок за нас и веднаш стапивме во контакт со Мигел, кој е изненаден исто како и ние и тврди дека не направил ништо против правилата и законот. Веднаш побара анализа на таканаречениот Б-примерок за целосно расветлување на случајот, но јасно е дека нема да учествува на Светското првенство.

Не можеме и нема да продолжиме со случајот додека не дојде резултатот од Б-примерокот, а моментално не знаеме кога ќе биде тоа. Само кога ќе ги знаеме резултатите од примерокот, ќе одлучиме за понатамошни чекори – рече спортскиот директор на Алборг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот