Фото: НП Шар Планина

Пожарот над шарпланинското село Селце се смирува, но нови пламени јазици ја голтаат шумата во атарот на Ѓермо

Пожарот над шарпланинското село Селце е стигнат до разеленетата вегетација и ливади и истиот се смирува, информираат за „Слободен печат“ од Националниот парк Шар Планина. Но, пламените јазици го зафатија сооседниот рид на Шара, атарот на село Ѓермо.

„За жал ситуацијата од Селце во текот на вчерашниот ден е префрлена и во атарот на село Ѓермо. Пожарот го премина работ на планината и се префрли на таа страна. За жал се случува слична ситуација со брзо горење на многу сува вегетација, така што веќе се гледа дека има многу краци и различно прогресира на различни места во зависност од вегетацијата. Во тој дел покрај букова шума има и леска што очекуваме поради грмушестиот облик да развива голема температура и да биде тешко да му се пристапи. Покрај овој имаме и други два пожари на Шара и екипите веќе се на терен“, информираа од Националниот пакр Шар Планина.

Вчера пожарот над село Селце се гасеше со полициски хеликоптери, а од земја гасеа ренџерите на Националниот парк.

Изгора над 100 хектари букова шума, а пламените јазици формираа венец долг на 5 километри.

Вистинска драма на Шарпланинското подрачје се случуваше и пред две недели над Вешала. Ренџерите час и половина пеш се движеа низ стрмен терен, за да стигнат до огнот.

Пожарот беше локализиран рачно со лопати и метли, но штетата што ја остави зад себе е огромна. Изгореа 170 хектари шума и пасишта.

ВИДЕО: Во шумскиот пожар на Шара изгореа над 170 хектари шуми и пасишта, ренџерите гаселе на стрмен терен со лопати и метли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот