Пожар кај Лојане / Фото: ЦУК

Пожарот над селото Лојане локализиран, селото целосно заштитено

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, вечерва информира дека над селото Лојане во Општина Липково избувнал пожар на отворено, кој сега е во голем дел локализиран и изгаснат.

Пожарот зафатил борова шума.

-Селото е целосно заштитено, а интензитетот на горењето во појасот на боровата шума значително е намален. Со отворањето на патот за пристап, се овозможи пешадиско дејствување на екипите на ‘Национални шуми’, што значително придонесе кон ограничување на ширењето на огнот- информира Али.

Како што објави тој, при акцијата дејствувал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР), две екипи на Територијалната противпожарна единица од Куманово, како и екипи на „Национални шуми“. Во гаснењето на пожарот учествувало и локалното население.

-Како директор на Центарот за управување со кризи, лично ги координирав активностите на терен, осигурувајќи соработка меѓу институциите и брза реакција за заштита на животите и имотот на граѓаните. Благодарност до сите учесници за професионалниот ангажман и посветеност – соопшти Али.

Претходно, од ЦУК информираа дека денеска до 18 часот во државата имало вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се четири, а изгаснати се 15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот