Фото: МИА

Пожарот кај Делчево е под контрола, изгоре шума на Голак

Пожарот кој синоќа околу 23 часот избувна кај селото Косово Дабје во Општина Делчево, е целосно изгаснат и ставен под контрола, информираше утринава градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Во гаснењето на пожарот беа вклучени повеќе луѓе, меѓу кои и Територијалните противпожарни единици од Делчево и Македонска Каменица, Шумското стопанство, Гранична полиција, МВР и други.

Според еден од пожарникарите кој учествуваше во гаснењето на огнената стихија, делчевчани особено треба да бидат горди, бидејќи голем број граѓани-доброволци се вклучиле во гаснењето на пожарот, заедно со институциите кои биле на терен.

„Од оваа вечер треба да бидеме особено горди како делчевчани. Јас, како вработен во Единицата со факултетско образование од областа на безбедноста, од правилната реакција констатиравме со мојот колега Сашо Мановски и полицијата дека пожарот е подметнат на две одделни места. Јавно сакам да им се заблагодарам на сите учесници во гаснењето на пожарот во Косово-Дабје, на огромната пожртвуваност и борбата на сите институции, како и на големиот број доброволци, меѓу кои и ендуро-тимот од нашиот град, младите луѓе, Шумското стопанство, полицијата, ТППЕ Делчево, ТППЕ Македонска Каменица, Делчево365.мк, и другите општествено одговорни фирми, кои спречија голема катастрофа за нашиот град. Постоеше голема опасност да изгори нашата прекрасна планина Голак. Секоја чест за сите борци“, вели Јонче Атанасовски, кој учествуваше во борбата со огнената стихија.

Пожарот кај Косово Дабје избувна непосредно по завршувањето на концертот што исто така синоќа во Делчево се одржа на летната сцена, како дел од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Делчево, 7 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот