
Пожарите кај салата Борис Трајковски и Парк-шумата Гази Баба ставени под контрола
Локализирани се двата пожари што избувнаа во Скопје, едниот кај депонијата кај Аква паркот, близу салата „Борис Трајковски“, другиот во Парк-шумата Гази Баба, известува Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Препорачано
Според нив, повеќе нема опасност од проширување и во моментот се догасува внатрешно, поради големата количина на ѓубре на дадената површина.
Во гаснењето на пожарот кај Аква паркот од изутрината биле вклучени 14 пожарникари со седум противпожарни возила, а во парк шумата каде гори сува трева и грмушки биле вклучени само две возила и петмина пожарникари.
Ситуацијата е под контрола, иако се уште се работи на лице место за целосно да се расчисти теренот.
Утрово во 10.36 часот пожарот бил пријавен на кејот на реката Вардар зад хотелот Александар Палас и станува збор за запалена дива депонија на површина од околу 5.000 квадратни метри.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5