Возило на македонската пожарна/ Фото: Архива

Пожар во куќа во Берово, повредено едно лице

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека синоќа пожарникарите од Берово со две возила интервенирале на запалена куќа во градот. Во пожарот, едно лице се здобило со изгореници и истото е пренесено во Здравен дом Берово.

ЦУК апелира да се почитуваат препораките на пожарникарите и да не се палат отпадоци на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух.

Истовремено, апелираме за внимателност при прошетките во природа на повисоките места и планините во нашата држава, бидејќи при вакви зимски услови, со снег и мраз, е лизгаво, особено на осоите, се додава во соопштението.

За 24 часа имало вкупно 1 763 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,22 отсто, а 59,78 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 62,59 отсто, кон Итната медицинска помош 32,01 процент, кон пожарникарите 2,52 отсто, а кон АМСМ 0,36 проценти од реалните повици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот