Фото: МИА

Повреден маж во сообраќајка во скопската населба Хиподрoм

Според полицијата, сообраќајката се случила на булеварот „Александар Македонски“, во близина на пешачкиот надвозник во населбата Хиподром. 

Еден тешко повреден е црниот биланс од сообраќајната несреќа која се случила вчера во 6.20 часот било на булеварот „Александар Македонски“, во близина на пешачкиот надвозник во населбата Хиподром.

Според полицијата, сообраќајна незгода се случила помеѓу камион „рено мастер фриго“ управуван од К.Б. (42) од Велес и возило „опел корса“ управувано од А.Т. (36) од кривопаланечкото село Петралица.

Во незгодата со тешки повреди се здобил сопатникот од возилото „опел корса“, А.Ј.(53) од селото Огут, Крива Паланка, кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот