
Потресна исповед на Џеси Џеј по мастектомијата: „Не се збогував со мојата дојка, сега сум тажна и лута“
Кога минатиот месец ѝ беше дијагностициран рак на дојка, британската музичка ѕвезда Џеси Џеј влезе во режим на преживување и мораше да подлегне на операција на дојка.
Препорачано
Две недели по мастектомијата, таа се соочи со нешто непланирано: долготрајна тага. Во емотивна објава, 37-годишната пејачка откри дека жали што не се збогувала со својата дојка пред операцијата, пренесува „Индепендент“.
„Звучи глупаво, но тука сум сега. Бев толку фокусирана на преживувањето што дури и не помислив да застанам и да се збогувам“, напишала таа.
Џеси, која е мајка на двегодишно момче по име Скај, вели дека сега за првпат има време да го процесира она што ѝ се случува.
„Тогаш бев само храбра. А сега си дозволувам да бидам лута, тажна и разочарана. Само за неколку дена“, додала таа.
Искрена како и секогаш, Џеси со допир на хумор опиша како се справува со постоперативните промени
„Сега се обидувам да ги облечам моите асиметрични гради. Левата ме гледа како да ме прашува: ‘Дали си добро, душо?’“, рекла пејачката.
Таа вели дека храбро ја издржала операцијата, дури и сама го отстранила дренажот дома.
Кога ѝ беше дијагностицирана, Џеси само се подготвуваше да започне нова кампања, за првпат по осумгодишна пауза. Во исто време, таа се селеше, се грижеше за своето дете и се обидуваше да остане позитивна.
„Немав време ни да се прашувам што всушност се случува. А сега кога сè престана – пристигна тагата“, признала таа.
Иако во претходните денови, многумина беа задоволни од објавата во која таа напиша „ракот исчезна“, Јеси брзо објасни дека тоа е афирмација – надеж, а не потврден факт. Таа сè уште ги чека резултатите, но, вели дека е свесна дека патот низ болеста е далеку од едноставен.
„Само сакам да бидам јасна – не реков дека сум излечена. Сакам да бидам и верувам во тоа. Но, засега – сè уште не знам“, напишала таа и објави дека ќе се повлече од социјалните медиуми една недела за да се посвети на закрепнувањето.
Во оваа тешка фаза, поддршката од нејзиниот партнер, кошаркарот Чанан Сафир Колман, и нивните мајки.
„Чанан ме прави да се чувствувам безбедно, Скај е само Скај, а пораките што ги добивам се 10/10“, напишала таа.
Таа додаде дека контактот со други жени кои минуваат низ истото ѝ дава сила – и дека еден ден сето ова ќе биде само едно поглавје во книгата што ја пишува.