Зарина Првасевда - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Зарина Првасевда - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ | Зарина Првасевда: Кога те боли душата лекот е психотерапија

Во новото издание на поткастот „Со Ана на ТИ“ гостува Зарина Првасевда. Пејачка која традицијата ја пее со срце, а нејзиниот живот е исто толку автентичен како и нејзината музика. Зарина не е само артист — таа е дефектолог по душа, емпат по природа, и личност што со целото свое битие сака да биде од полза на светот.

Разговаравме за нејзиното необично и инспиративно детство во Демир Хисар, место каде што секоја човечка судбина станала лекција, а секој разговор — фасцинација. Зборувавме и за меѓучовечките односи, за потребата од искреност, за верата што ја држи цврста и светлата страна на животот што сè уште одбива да ја предаде. За пријателствата што траат, и за љубовта, онаа вистинската, во која сè уште верува со цело срце.

Вечерва во 20 часот на Јутјуб каналот на „Слободен печат“ гледајте го новото издание на поткстот „Со Ана на ТИ“. Ќе чуете разговор за душата, за корените, за луѓето, за љубовта. Разговор со Зарина — на ТИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот