
„Постојано ја прогонува“: Најомразениот човек во музичката индустрија е опседнат со Сидни Свини?
Гласините за нова романса која ја возбуди светската јавност се појавија уште во јуни, но викендов дополнително се разгореа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според пишувањата на „Пејџ сикс“, музичкиот могул Скутер Браун станал опседнат со актерката Сидни Свини откако ја запознал на свадбата на милијардерот Џеф Безос. Иако изгледа дека меѓу нив има нешто повеќе, не е јасно колку е врската сериозна.
„Се гледаат и излегуваат, но тоа сè уште не може да се нарече врска,“ открил извор за „Њујорк пост“, додавајќи дека тој „постојано ја прогонува“ откако ја запознал.
„Сидни штотуку излезе од врска и прави она што го прават девојките во своите дваесетти – излегува со момци,“ дополнува другиот извор.
Првите шпекулации за љубовна врска меѓу глумата и музичкиот могул се појавија во јуни. Но, за време на викендот, на социјалните мрежи се појавија снимки од Браун и Свини како се шетаат по уличките на Венеција во друштво на манекенката Амели Тремблеј, што дополнително ја разгоре приказната.
Пред да биде поврзувана со Браун, Свини беше свршена за продуцентот Џонатан Давино. Двојката беше заедно од 2022 година, а свадбата беше планирана за оваа пролет. Сепак, актерката ја раскина свршувачката во март годинава. Според блиски до нив, причината била нејзината блескава кариера и пренатрупаниот распоред.
„Не беше подготвена да се смири. Врската траеше толку долго само затоа што ѝ беше тешко да стави крај. Не се разделија поради недостаток на љубов, туку затоа што таа сега сака да се посвети на својата кариера,“ објаснил извор.
Скутер Браун, пак, беше во брак со Јаел Коен од 2014 до 2021 година. Од тој брак имаат три деца: синовите Џагер и Леви и ќерката Харт.
Иако важи за еден од највлијателните музички менаџери (соработувал со ѕвезди како Џастин Бибер и Аријана Гранде) Браун ја носи титулата „најомразен човек во музичката индустрија“. Причината е големата контроверзија околу откупувањето на правата на оригиналните снимки на Тејлор Свифт, потег кој ја разгневи пејачката и милиони нејзини обожаватели ширум светот.