Фото: ЈП „Комунална хигиена“

Поставени дополнителни садови за кабаст отпад во Шуто Оризари

Во текот на вчерашниот ден, Градот Скопје и јавните градски претпријатија започнаа акција за генерално чистење на скопската општина Шуто Оризари. Во рамките на акцијата, ЈП „Комунална хигиена“ реализира активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците во оваа скопска општина, како и миење и дезинфекција на контејнерите и автобуските постојки.

– ЈП „Комунална хигиена“ постави специјални садови за одлагање кабаст отпад на дополнителни три локации во оваа скопска општина. Покрај локациите кај автобуската постојка на последна 19-ка, спроти затворот – кај Жуто Лукс и на паркингот зад општината Шуто Оризари, во текот на денешниот ден се поставени садови и во населеното место Визбегово, на булеварот Македонско-косовска бригада бр.10 и на улицата Вашингтонска – кај СУГС „Шаип Јусуф“ – информираат од ова јавно претпријатие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот