
Рецепти за три најубави кремасти посни салати за Свети Никола
Се ближи празникот Свети Никола, а тоа значи дека на трпезата треба да послужите и вкусни посни јадења. Свети Никола е една од најголемите слави на нашите простори, па оние кои не ја слават најчесто посетуваат некој што ја слави. Вообичаено, домаќинките се највредни за оваа слава, па затоа празничната трпеза изгледа доста богата со многу вкусни и интересни јадења.
Препорачано
Доколку сте љубители на кремасти салати и сакате на вашата посна трпеза да сервирате руска салата, мимоза и други слични на нив, слободно можете да ги направите.
Отсега можете да ги правите омилените салати во посна варијанта и да уживате во нивниот вкус дури и ако постите.
Ви предлагаме да пробате некои од овие рецепти за овогодинешната прослава и сигурни сме дека ќе бидете одушевени.
Посна руска салата
Состојки:
– 2 конзерви сардина
– посен мајонез
– 4 помали моркови
– 4 кисели краставици
– 1 поголем компир
– 300 г грашок
– сол, црн пипер
Подготовка:
Компирот, морковите и грашокот сварете ги и исечкајте ги на коцки, а потоа ситно исечкани додадете ги и киселите краставици и сардините.
Посолете и ставете црн пипер по желба, а потоа додадете го и посниот мајонез откако салатата добро ќе се излади. Салатата, по желба, можете да ја правите и без сардина.
Посна сенф салата со компири
Состојки:
– 3 моркови
– 4 компири со средна големина
– 10 кисели краставици
– 1 полна лажица сенф
– 2 лажици масло
– 1 лажица оцет
– малку шеќер
– сол, црн пипер
Подготовка:
Сварете ги морковите и компирите во солена вода, потоа исцедете ги и исечкајте ги на ситни коцки. Краставиците, исто така, исечкајте ги и додадете ги во компирите и морковите.
Претходно добро измешајте ги оцетот, шеќерот, маслото и сенфот и додадете ги откако варените компири и моркови добро ќе се изладат.
Посна салата мимоза
Доколку постите или подготвувате посна слава, а една од омилените ви е салатата мимоза, не грижете се. Салатата мимоза може да се подготви и како посна и да биде неизоставна на вашата трпеза, на денот на вашата слава или во текот на постот.
Состојки:
– 2 големи варени компири
– 300 г посен мајонез
– 3 варени моркови
– 1 прстофат сечкан праз
– 300 г зелка
– 1 чешне лук
– оцет
– сол, бибер
– масло
Подготовка:
Подгответе три садови, бидејќи мора да направите три дела од салатата. Во првиот сад исечете ги компирите на коцки, празот на мали кругови и сето заедно измешајте го и зачинете со оцет, масло, сол и бибер.
Потоа земете уште еден сад во кој ќе го исечкате и изгмечите лукот, исечете го морковот на кругови и сето тоа зачинете со сол и масло. За третиот сад подгответе свежа зелка како салата и задолжително додајте сол и оцет.
На самиот крај земете голем сад и наредете ги компирите, додадете 100 грама посен мајонез, па морковите, потоа повторно 100 грама мајонез, зелката и на крајот уште 100 грама мајонез.