Посна проја со печени пиперки и зеленчук, специјалитет за празнични трпези

Фото: Профимедиа

Во тек е божиќниот пост, а ние ви носиме предлози за некои од омилените јадења. Со оглед на тоа што денес постојат посни замени за речиси сите мрсни намирници, можете овие превкусни специјалитети да ги направите без мака.

Ви носиме еден од најдобрите рецепти за посна проја, со кој можете да се сладите за појадок или за вечера, но можете да ја послужите и како предјадење на славите.

Пројата некогаш се служела наместо леб и се правела од 3 состојки кои секоја домаќинка ги имала дома, а подоцна се појавиле разни варијанти, па се додавале и намирници како зеленчук, јогурт… и така се родила пројара која денес повеќето ја знаат како проја.

Состојки:

– 1 шолја пченкарно брашно
– 1 шолја палента
– 1 шолја јогурт
– 1 шолја масло
– 250 г посно фета-сирење (можеби пушено тофу)
– 250 г замрзната мешавина (зеленчук)
– 2 шолји кисела вода
– 2 печени пиперки
– 2 кисели краставички
– 2 лажички прашок за печиво

Подготовка:

Во сад измешајте ги пченкарното брашно, палентата и прашокот за печиво. Потоа, сипете јогурт, кисела вода и масло. Сето убаво измешајте да нема грутчиња, па додајте го зеленчукот што сте го одмрзнале и исцедиле, сечканите печени пиперки, киселите краставици и издробеното фета сирење.

Сè убаво измешајте, па добиената смеса за проја сипете ја во тепсија обложена со хартија за печење. Посната проја печете ја во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот