Фото: Принтскрин

Португалија: Социјалистичката партија го освои мнозинството гласови, останува на власт и во следните четири години

Португалската Социјалистичка партија освоила мнозинство гласови на општите избори, благодарение на што ќе остане и во наредните четири години на власт.

Според прелиминарните резултати, социјалистите освоија помеѓу 36 до 40 отсто од гласовите, меѓутоа постоеше можност да имаат помал број на пратеници од порано, поради што е можно да се формира коалиција со некоја од партиите.

По претходните избори, тие формирале коалиција со Португалската комунистичка партија и радикалниот Левичарски блок.

На изборите главната опозициска партија, централно-десничарската Социјалдемократска партија, освоила мешу 24 и 28 отсто од гласовите, Левичарскиот блок од 9 до 12 отсто, Португалската комунистичка партија од пет до седум отсто, а христијанско демократската партија од 2,4 до пет отсто од гласовите.

Лидерот на социјалистите и актуелниот премиер Антонио Коста, кога стапил на должност пред четири години ветил дека ќе ги укине мерките за штедење воведени за време на европската финансиска криза, а сега неговата влада е подготвена да ги искористи придобивките од економското подобрување во последните години.

Како што се пренесува, новата влада ќе мора да се соочи со бројни предизвици, како излегувањето на Велика Британија од ЕУ, бидејќи таа земја е главен извозен пазар на Португалија.

– Ова е голема победа за партијата. Партијата ќе обезбеди стабилна четиригодишна влада – изјавил генералниот секретар на партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот