Португалецот Дејвис ново засилување за Е. Пелистер за следната сезона

Португалскиот среден бек Вилсон Дејвис е нов ракометар на Еурофарм Пелистер. Искусниот 33-годишен ракометар потпиша двегодишен договор со нашиот клуб, почнувајќи од сезоната 2022/23.

Се работи за ракометар со огромно искуство во францускиот ракометен шампионат, каде што настапува од 2014 година.

Дејвис во Битола доаѓа од Иври, а претходно ги носеше дресовите на Нант, Сесон Рен и Данкерк. На почетокот на кариерата Дејвис настапуваше за Спортинг, Ковадонга и Порто. Новиот среден бек на Еурофарм Пелистер е роден победник, шест пати бил првак на Португалија, освојувач на Суперкупот на Португалија со Порто, а го освои и Лига Купот на Франција со Нант.

За португалската репрезентација настапуваше цела една деценија, почнувајќи од 2009 година. Дејвис е висок 192 сантиметри, тежок 95 килограми и ќе биде вториот Португалец во историјата на Еурофарм Пелистер, по Серхио Барош.
Официјалното претставување на Вилсон Дејвис е предвидено за почетокот на сезоната 2022/23.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!