Пораст на криминалот на дарк веб во Хрватска: Се купува дрога, оружје и вируси

Најпопуларна валута за легални и незаконски плаќања за услуги на дарк веб е биткоинот (BTC), кој е прифатен на најголемиот број продажни места. Покрај БТК, пошироко се користат Etherum (ETH) и Monero (XMR).

На црниот интернет пазар т.н дарк веб, во текот на 2021 година во Хрватска се евидентирани вкупно 1.563 кривични дела, што е зголемување за 31 отсто во однос на 2020 година, покажуваат податоците на Службата за сајбер безбедност при МВР на Хрватска.

Од хрватското МВР велат дека овие бројки се резултат на спроведување „пообемни криминални истраги, со поголем број на сторители и поголема материјална штета отколку што тоа било случај во претходните години“.

Криминалните истраги на дарк веб се фокусирани на различни форми на криминал, главно злоупотреба на дрога, оружје и фалсификувани документи, а во моментов се водат неколку такви истраги за хрватски граѓани кои купувале или продавале малициозен софтвер.

Дарк веб е специфичен дел од Интернетот за кој пристапот бара инсталирање на специјален софтвер кој гарантира одреден повисок степен на анонимност на корисниците, но не мора да служи за извршување криминални активности. Анонимните мрежи се користат од голем број групи, од новинари кои собираат информации за чувствителни теми како што се корупцијата или активисти за човекови права во земјите каде што е забранет пристапот до содржина што не е одобрена од режимот.

Со користење на бесплатни и широко достапни услуги за анонимизација како што се TOR и VPN, идентификувањето на корисниците на криминалните услуги на Интернет, а особено на дарк веб, станува се поголем предизвик за агенциите за спроведување на законот ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот