Profimedia
Profimedia

Поранешните партнерки на Џони Деп се огласија по повод наводите дека тој е насилник

Актерот одлучно ги негираше наводите на таблоидот…

Поранешните партнерки на акеторт Џони Деп, Ванеса Парадис и Винона Рајдер нема да бидат повикани да сведочат во постапката која Џони Деп ја покрена против „News Group Newspapers“ поради наводите на нивниот таблоид „The Sun“ дека извршил насилство над поранешната сопруга Амбер Хард, објави Ројтерс.

Во својата пишана изјава американската актерка Винона Рајдер напиша дека Деп никогаш не бил насилен и груп спрема неа, а француската пејачка Ванеса Парадис изјави дека Деп е нежен, внимателен, дарежлив и ненасилен човек и татко.

профимедиа

Поранешните партнерки на Деп, Винона и Ванеса требаше да сведочат пред врховниот суд, но застапникот на актерот, Дејвид Шерборн, вчера соопшти дека од тоа повеќе нема потреба со оглед на тоа што таблоидот „The Sun“ по пишаните изјави на Рајдер и Парадис не ги оспорува тврдењата на Деп дека никогаш не ги нападнал физички.

Деп одлучно ги негираше наводите на таблоидот кои во текстот објавен во 2018 година го означија како злоставувач на сопругите и поднесе тужба против „The Sun“.

Хард би требало да сведочи на судењето и во текот на процесот на судот да му ја претстави својата верзија од случувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот