Фото: EPA-EFE/OHAD ZWINGENBERG / POOL

Поранешниот словенечки премиер Јанша ослободен од сите обвиненија

Словенечкиот суд денеска донесе првостепена пресуда со која го ослободи Јанез Јанша, поранешен премиер на Словенија и клучен опозиционер во земјата, и двајца наводни соучесници во обвиненијата за злоупотреба на службената положба и овластување и за корупција.

Јанша, претседателот на главната опозициска Словенечка демократска партија, претходно го отфрли обвинението, нарекувајќи го обид да се отстрани од политиката пред општите избори во 2026 година.

„И покрај тоа што ова беше јасна и видлива фарса од самиот почеток, обвинителот побара две години затвор. Оваа победа денеска е во наводници, нашата борба овде не е завршена“, им порача Јанша на своите радосни поддржувачи по излегувањето од судот.

Стотици негови приврзаници се собраа пред судската зграда во Целје на истокот на земјата, веејќи словенечки знамиња и носејќи транспаренти, обвинувајќи го судството за корумпирано и пристрасно.

Јанша, беше обвинет за злоупотреба на моќта при продажба на имот во 2005 година, кога го служеше својот прв мандат како премиер. Во случајот се опфатени и директорите на две компании кои учествувале во серија трансакции со продажба на парцела во сопственост на Јанша во наводна размена за купување стан за него во главниот град Љубљана.

Јанша, кој се залагаше за независност на Словенија од тогашна Југославија во 1991 година и три пати беше словенечки премиер, во 2013 година беше осуден на две години затвор за поткуп во договор со финската одбранбена група „Патрија“ во 2006 година додека го служеше вториот премиерски мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот