Чен Џујуан / Фото: Handout / AFP / Profimedia

Поранешниот шеф на кинеската национална фудбалска асоцијација осуден на доживотен затвор поради примање мито

Поранешниот шеф на кинеската национална фудбалска асоцијација, Чен Џујуан, е осуден на доживотен затвор за примање мито, објавија во вторникот државните медиуми, по една од најголемите антикорупциски истраги во спортот во последните години.

Тешката казна за Чен (67) ја завршува истрагата против високи фудбалски функционери во Кина во спорт кој долго време се бори со корупцијата, која навивачите ја обвинуваат за лошите резултати на националниот тим, пренесува Гардијан.

Во последната епизода од документарната серија од четири епизоди за корупцијата емитувана на националната телевизија во јануари, Чен рече дека ноќта пред да стане претседател на Кинеската фудбалска асоцијација (КФА) во 2019 година, добил ранци со по 300.000 јуани (41.600 долари) од двајца локални фудбалски функционери кои сакале тој да се „грижи за нив“.

Јавните признанија за корупција, често направени под присила, станаа вообичаена карактеристика на националната телевизија откако претседателот Си Џинпинг дојде на власт и покрена голема кампања против митото, која исто така го зароби фудбалот.

Судот во централната провинција Хубеи утврди дека Чен ги искористил своите различни позиции од 2010 до 2023 година, вклучително и оние поврзани со КФА, за да им помага на другите во прашања во врска со договорите за проекти, инвестициските операции и аранжманите спортски настани, објави во вторникот официјалната новинска агенција Синхуа. За возврат, Чен прифатил пари и вредни предмети во вредност од над 81 милион јуани (11,2 милиони долари), утврди судот.

Други фудбалски функционери под истрага за корупција беа Чен Јонглијанг, поранешен извршен заменик генерален секретар на кФА, Ју Хонгчен, поранешен заменик-шеф на КФА и Донг Женг, поранешен генерален директор на кинеската Супер лига.

Чен Јонглијанг е осуден на 14 години затвор, Ју 13 години, а Донг осум години, објавија државните медиуми во вторникот. Во 2012 година, поранешниот претседател на КФА Сие Јалонг и неговиот наследник Нан Јонг беа осудени на 10 и пол години затвор за примање мито во последната голема фудбалска корупциска мрежа во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот