Поранешна претседателка на Врховниот суд на Црна Гора и ексградоначалник на Будва на листата на санкции на САД

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, и поранешниот заменик-градоначалник и градоначалникот на општината Будва, Мило Божовиќ, денеска се ставени на листата на санкции на американскиот Стејт департмент поради значителна корупција што овозможила шверц на наркотици, пренесува Данас.

Во соопштението се наведува дека Божовиќ ги злоупотребил јавните функции за поддршка на организираниот криминал и меѓународната трговија со дрога, додека Меденица посредувала во судски одлуки и примала мито со цел да ја поддржи криминалната организација.

Во одлуката се вклучени и членовите на нивните најблиски семејства, семејството Божовиќ – Драгана, Балша и Павле, како и семејството Меденица – Милош и Марија.

Стејт департментот наведува дека ваквите мерки ја потврдуваат посветеноста на САД на борбата против транснационалниот криминал и одговорноста на лицата вклучени во трговијата со дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот