
Поранешна помошничка го тужи Канје Вест: Тврди дека ѝ испраќал пораки со експлицитна содржина
Само два месеци откако поранешен вработен го обвини раперот Канје Вест за дискриминација и малтретирање, поранешната асистентка Лорен Пишиота го тужи за сексуално вознемирување.
Препорачано
Пишиота започнала да работи со Вест во 2021 година, на почетокот на неговата модна линија „Изи“, а според „Пејџ сикс“, за таа работа ѝ биле понудени 1 милион долари. Единствениот услов бил таа да му биде достапна на раперот 24 часа на ден, седум дена во неделата, што таа го прифатила.
Според тужбата, Канје Вест бил „свесен“ за нејзиното „силно присуство на социјалните мрежи (Инстаграм и ОнлиФенс)“. Пред да соработува со Вест, Пишиота заработувала околу 1 милион долари годишно преку ОнлиФенс, но раперот ја замолича да ја избрише нејзината сметка на платформата, што таа го направила во 2022 година.

За возврат, Вест ѝ ја зголемил платата на 2 милиони долари годишно, а потоа, наводно, набргу потоа почнал да ѝ испраќа пораки со експлицитна содржина.
„Гледаш, мојот проблем е што сакам да се е*ам, а откако ќе ја изе*ам – сакам мојата девојка да ми каже колку добро сум ја изе*ал. Тогаш сакам да ме изневери“, гласи една од наводните пораки кои ѝ ги испратил Вест.
Наводно, Вест ѝ испраќал пораки за сопствените експлицитни сексуални желби, како и фотографии и видеа на кои е во сексуални односи со други жени, а Пишиота наводно добивала интимни фотографии од „сегашни и поранешни“ вработени во „Изи“.

Во тужбата таа тврди дека Вест мастурбирал за време на нивните телефонски разговори и истакнала дека музичарот секогаш ја прашувал дали може да слушне што прави.
Покрај овие работи, тој постојано ѝ ја споменувал големината на неговите гениталии и наводно ја терал „да го соблече кардиганот додека е во канцеларија, тврдејќи дека ‘премногу покривал’“, се наведува во тужбата.
Иако стана „менаџер на персонал“ во „Изи“ во септември 2022 година, два месеци подоцна нејзиниот договор бил откажан и ѝ биле понудени три милиони долари, што таа го прифатила. Но, тие, наводно, никогаш не ја платиле таа сума, што е уште еден клучен дел од тужбата.