Вин Дизел / Фото: EPA

Поранешна асистентка го обвини Вин Дизел за сексуален напад

Актерот Марк Синклер, професионално познат како Вин Дизел, е обвинет за сексуален напад, пишуваат странските медиуми.

Во тужбата поднесена во Лос Анџелес, Аста Јонасон тврди дека актерот сексуално ја нападнал во 2010 година, за време на снимањето на петтото продолжение на филмската франшиза „Брзи и бесни“ („Fast & Furious“) во Атланта, САД.

Според тужбата, Јонасон била вработена во продуцентската куќа „Уан рејс“, која е во сопственост на актерот.

Во тужбата се наведува дека, по ноќно излегување во септември 2010 година, од Јонасон било побарано да го чека Вин Дизел во неговиот апартман во хотелот „Сент Реџис“, додека тој се забавувал со хостесите од клубот. Кога жените си заминале, според тужбата, Дизел ја фатил Јонасон за зглобовите и ја повлекол на креветот.

Вин Дизел / Фото: EPA

Наводно, Јонасон побарала од Дизел да си замине, но тој почнал да ја допира по градите и останатиот дел од нејзиното тело. Таа наведува дека се плашела „насилно да го одбие“ поради сопствената безбедност и нејзиното работно место. Меѓутоа, кога Дизел се обидел да ѝ ги соблече гаќите, Јонасон вреснала и истрчала низ ходникот.

Во тужбата се наведува дека Дизел мастурбирал додека „преплашената г-ѓа Јонасон ги затворала очите, обидувајќи се да се дистанцира од сексуалниот напад и да избегне гадење“.

Јонасон тврди дека, неколку часа подоцна, сестрата на Дизел, и претседателка на „Уан рејс“, Саманта Винсент ѝ се јавила и ја отпуштила по помалку од две недели на работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот