Фото: FIBA

Поранешен репрезентативец на Македонија ја одведе Швајцарија во финале и се расплака

Швајцарската репрезентација во 3х3 кошарка направи вистинска сензација на Светското првенство, совладувајќи ја Србија со убедливи 21-11 во полуфиналниот дуел. Зад овој историски успех на Швајцарија стои поранешниот македонски кошаркар и талент на МЗТ Скопје, Ервин Цого, кој денеска како тренер ја води селекцијата до големото финале.

Цого и неговите кошаркари со одлична игра ги надиграа Србите, кои важеа за еден од главните фаворити на турнирот. Победата беше проследена со големи емоции по последниот свиреж, Цого не можеше да ги задржи солзите и се расплака на теренот, горд на подвигот кој го направија.

Швајцарија во финалето беше поразена од Шпанија која стигна до златото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот