
Поранешен модел на „Викторија Сикрет“ прозборе за модниот терор: Ми рекоа дека моето тело не изгледа доволно добро
Поранешниот модел на „Викторија Сикрет“, Брижит Малколм, објави видео на „ТикТок“ во кое тврди дека овој бренд има исклучително лошо влијание врз животот на модели и како што вели, нивниот обид да ги прифатат различностите и да ги охрабрува жените е „шега“.
Препорачано
„Ангелите на Викторија Сикрет заминуваат во минатото“: Тие повеќе не се „културолошки релевантни“
„Викторија Сикрет“ со години се соочуваше со жестоки критики, а во видеото на „ТикТок“ со наслов „Малку доцна, Викторија Сикрет“.
View this post on Instagram
29-годишната Малком со потекло од Австралија раскажа дека имала проблеми со здравјето имајќи предвид дека морала да биде на ригорозни диети за да изгледа „перфектно“ на модните писти.
„Го најдов мојот градник од ревијата на „Викторија Сикрет“ во 2016 година. Беше со големина 30А, а сега сум на 34Б. Сега моето тело е здраво“, вели Бриџит во видеото кое брзо предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
@bridgetmalcolm too little too late Victoria’s Secret #victoriassecret #victoriasecretshows #CompleteMyLook #MyColoredHair
„Бев одбиена од шоуто во 2017 година од Ед Разек. Тој рече дека моето тело не изгледа доволно добро“, откри таа.
Имено, таа е една од најгласните модели што го осудува популарниот бренд за долна облека и модната индустрија во целост.
View this post on Instagram
За „Викторија Сикрет“ Малколм првпат јавно прозборе пред три години, кога за „Harper’s Bazaar“ раскажа за своето нарушување во исхраната, што ѝ предизвикало дигестивни проблеми и анксиозност.
View this post on Instagram
Во едно од нејзините видеа, моделот раскажа како агентите на брендот ја охрабрувале да зема кокаин, да има секс и постојано ја терале да слабее. Брижит тврди дека еден постар маж неколку пати сексуално ја злоставувал, поради што на крај страдала и од депресија.
Бриџит го напушти брендот во 2019 година, а денес работи со брендови со кои се чувствува безбедно.