Фото: Инстаграм/Сара Блејк Чик

Поранешен модел на „Плејбој“: „Стјуардеса ми забрани да се качам во авион поради моите гради“

Сара Блејк Чик, поранешен модел на „Плејбој“, ја обвини авионската компанија „Американ ерлајнс“ за дискриминација поради нејзиното тело и избор на облека. Инцидентот, според неа, се случил минатата недела во Атланта, непосредно пред нејзиното качување во авион.

Чик тврди дека стјуардеса ѝ се заканила дека нема да ѝ биде дозволено да влезе во авионот доколку не ја закопча својата кошула.

„Сега мене ми велат да ја закопчам кошулата, а не и на другите жени во иста облека, само со различна боја“, истакна таа. На социјалните мрежи сподели и фотографија од комбинацијата – црн топ под жолта кошула, фармерки и патики.

По бурните реакции на интернет, од „Американ ерлајнс“ упатија извинување.

„Го негуваме почитувањето кон нашите клиенти и жалиме за сè што е помалку од доследна и пријателска услуга. Ова искуство ќе биде споделено со раководството на екипажот“, се наведува во нивната реакција.

Компанијата ја повикала Чик да им ги достави своите контакти за случајот да се разгледа детално и за можноста за поврат на средства.

Ова не е првпат „Американ ерлајнс“ да се соочи со критики заради својот кодекс на однесување. Во правилата стои дека патниците мора да бидат „пристојно облечени“, но токму тоа што е „пристојно“ останува отворено за различни толкувања.

Во 2022 година, поранешната Мис Универзум, Оливија Кулпо, била замолена да се покрие затоа што носела спортски топ. Подоцна таа забележала друга жена во идентична облека, на која никој не ѝ приговорил.

Слични искуства имале и комичарките Крис Мејр и Кијану Томпсон, кои во 2023 година биле принудени јавно да се пресоблекуваат пред лет, без јасно објаснување кое правило го прекршиле.

Покрај случаите со облеката, „Американ ерлајнс“ во јануари 2024 година беше обвинета и за расизам. Осум црни патници биле исфрлени од лет од Феникс кон Њујорк, откако стјуардеса се пожалиле на „телесен мирис“. Патниците тврдат дека не се познавале меѓу себе и не седеле заедно, што го прави случајот уште поконтроверзен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!