Фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Поради здравствени проблеми: Брус Спрингстин ги одложи сите концерти до крајот на годината

Американскиот рок-пејач Брус Спрингстин, најави дека ги одложува сите концерти планирани за оваа година во Америка, поради влошено здравје, односно проблеми со чир на желудникот.

Имено, Брус пред речиси три недели ги одложи концертите закажани за август и септември. А, сега тој преку социјалната мрежа „Икс“ (Твитер) напиша дека сè уште закрепнува, но и дека ќе мора да се лекува до крајот на годината.

„Брус Спрингстин полека закрепнува и до крајот на оваа година ќе го продолжи опоравувањето под лекарски надзор. Имајќи го тоа на ум, сите преостанати датуми на турнеја на Брус Спрингстин и бендот ‘Улицата Е’ во 2023 година ќе бидат одложени до 2024 година. Сите концерти ќе се одржат на закажаните места, а откако ќе бидат објавени новите датуми, оние кои купиле билети имаат рок од 30 дена да побараат враќање на парите. Сите билети за одложени концерти важат за новонајавените термини“ стои во соопштението.

Пејачот требаше до крајот на годината да ги обиколи северноамериканските градови. Турнејата започна во август, а на почетокот на септември мораше да ги откаже сите концерти закажани за тој месец.

„Им благодарам на сите мои пријатели и обожаватели за нивните добри желби, охрабрување и поддршка. Се опоравувам и едвај чекам да се видиме сите следната година“, изјави  Спрингстин.

Обожавателите во коментари под објавата му испратија желби за брзо закрепнување.

ВИДЕО | Брус Спрингстин падна на сцената и ги преплаши обожавателите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот