
Поради тешката дијагноза, кралот Чарлс се откажал од омилената намирница: Ќе направи сè за да го уништи ракот
Откако му беше дијагностициран рак во јануари, кралот Чарлс Трети извесно време се повлече од јавниот живот и се посвети на здравјето. Во својата нова рутина за јадење, 76-годишниот крал одлучил да го исклучи црвеното месо и наместо тоа вклучил авокадо за да му даде енергија. Иако не е познато со каков вид на рак се бори, се шпекулира дека станува збор за рак на дебелото црево или на простатата.
Препорачано
Поранешната кралска дописничка на Би-би-си, Џени Бонд, додала дека кралот веќе долго време внимава на исхраната, избегнувајќи месо два дена во неделата. Го намалил и внесот на млечни производи поради еколошки причини, но сега има уште поголем медицински поттик целосно да го избегнува црвеното месо.
– Веројатно ќе му недостига органското печено јагнешко… но сигурна сум дека е целосно фокусиран на своето закрепнување и ќе направи сè што ќе кажат лекарите за да го победи или контролира ракот – заклучила Бонд, пишува „Дејли мејл“.
Голем број студиозни анализи сугерираат дека исхраната богата со црвено месо може да биде поврзана со зголемен ризик од рак, особено во случаи на карцином на дигестивниот тракт, како што се рак на дебелото црево и желудникот. Преработеното црвено месо, вклучувајќи ги шунката и сланината, е особено нагласено како штетно поради присуството на конзерванси додадени во текот на процесот на сушењето. Овие конзерванси можат да го поттикнат ослободувањето на канцерогени соединенија во цревата.
Иако истражувањата укажаа на овој проблем, точниот механизам и степенот на зголемениот ризик од рак сè уште не се целосно разјаснети, истакнуваат експертите. Една од можните причини е соединението познато како хем, кое природно се наоѓа во црвеното месо. Според информациите на Истражувањето на рак на Велика Британија (Cancer Research UK), хем се разложува на канцерогени Н-нитрозо хемикалии во текот на варењето, што може да придонесе за развој на рак. Добротворната организација додала дека хетероцикличните амини (НСА) и полицикличните амини (ПЦА) исто така се произведуваат кога црвеното месо се готви на високи температури, како на скара, што може да ги оштети цревните клетки.
Сепак, експертите велат дека месото е сè уште важен извор на хранливи материи во вашата секојдневна исхрана, вклучувајќи го и витаминот Б12, кој е неопходен за функцијата на нервите, производството на ДНК на клетките и производството на крв.
Црвеното месо, исто така, го снабдува нашето тело со железо (важно за создавање на црвени крвни зрнца), цинк (помага во заздравувањето на раните) и други витамини од групата Б (му помага на телото да ја апсорбира енергијата од храната).
Поранешниот кралски готвач Греам Њуболд претходно откри дека кралот исто така инсистира на здрав појадок кој се состои од домашен леб, чинија свежо овошје и свеж сок.